Испратени првите 1.200 покани за задолжителна воена служба во Хрватска

По 17-годишна пауза, хрватското Министерство за одбрана повторно воведува задолжителна воена служба во земјата, откако веќе ги испрати првите 1.200 повици на млади мажи за медицински прегледи, кои ќе се одржат во првата половина на јануари 2026 година, објави „Индекс“.

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Архива

По 17-годишна пауза, хрватското Министерство за одбрана повторно воведува задолжителна воена служба во земјата, откако веќе ги испрати првите 1.200 покани на млади мажи за медицински прегледи, кои ќе се одржат во првата половина на јануари 2026 година, објави „Индекс“.

Младите мажи кои ќе ги поминат медицинските прегледи и ќе бидат одобрени за воена служба ќе бидат испратени во центри за обука, каде што ќе добијат опрема и оружје и ќе бидат запознаени со дневната рутина и воената дисциплина.

Во првите петнаесет дена или приближно толку, тие ќе положат заклетва, а потоа следи обука, која вклучува ракување со оружје, главно пушки и пиштоли, укажување прва помош, користење заштитна опрема и движење. Обуката опфаќа и основни аспекти на воениот живот, како што се однесувањето во својата соба и средувањето на креветот.

Во контекст на актуелните геостратешки и политички услови, хрватскиот воен аналитичар генерал Славко Бариќ смета дека воведувањето на воена служба е еден од двата главни проекти за подготовка на одбраната на Хрватска, заедно со набавката на ново оружје и воена опрема. Целта, нагласува тој, е да се создаде широка база на луѓе кои се подготвени за одбранбени задачи, кои се социјализирани и кои во одреден момент ќе можат да ги извршуваат сите потребни задачи за одбраната на земјата.