257
Во Вселенската патријаршија во Истанбул денеска се одржа литургија по повод Божиќ, а организирано е и капење за светиот крст, јавува Анадолија.
Литургија, одржана согласно епидемиолошката состојба во црквата Св. Ѓорѓи, била предводена од цариградскиот патријарх Вартоломеј.
По литургијата, патријархот и верниците се упатија кон брегот.
За почесниот крст пливаа десет луѓе, а годинава крстот го извлече Галип Јавуз, кој рече дека тоа му е петто учество.