Истанбул: Најмалку 30 лица уапсени при обид за учество на Парадата на гордоста

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Турската полиција уапси најмалку 30 лица во центарот на Истанбул денеска, кои се обидоа да учествуваат на Парадата на гордоста, која властите ја забранија како дел од долгогодишната репресија против ЛГБТК+ настаните, изјави опозициската политичарка Кезбан Конукчу.

Снимките до кои дојде Ројтерс покажаа судир на полицијата со група активисти кои носеа знамиња со боите на виножитото во центарот на градот пред да ги уапсат и да ги однесат во полициски комбиња.

Конукчу, пратеник од прокурдската партија ДЕМ кој присуствуваше на маршот, рече дека се уапсени најмалку 30 лица.

Слични содржини