205
Најмалку седум лица се повредени во „судир“ со снежни топки меѓу две групи мажи во Истанбул за време на немири кои излегле од контрола, јавија утринава турските медиуми.
Во Истанбул наврнаа големи количества снег, а десетици луѓе учествуваа во снежното невреме синоќа во паркот Тофане, на европската страна на градот, недалеку од туристичките квартови.
Од засега непознати причини настанала тепачка меѓу две групи мажи, а едниот потоа почнал да пука од пиштол. Рнети се седуммина.
Според невладината организација Умут, околу 25 милиони огнено оружје се во оптек во Турција, каде живеат 84,7 милиони луѓе.