191
Заедничкиот координативен центар со седиште во Истанбул одобри заминување на уште четири бродови со вкупно 64.657 тони храна од украинските пристаништа.
Според Центарот, „Сафир Ага“ со 3.300 тони соја ќе замине за Турција, бродовите „Норд Старк“ и „Сели М“ од пристаништето Черноморск во Шпанија и Либан ќе превезат 27.500 тони жито и 6.857 тони пченка, а бродот „Хадар“ ќе плови од пристаништето Саут кон Италија со 23.500 тони пченица и 3.500 тони пченка, пренесе ТАСС.
Бродовите се очекува да испловат денеска.