538
Песните на Ѓорѓе Балашевиќ, со денови по неговата смрт, се уште масовно се слушаат на Јутјуб. Неговиот официјален канал на таа платформа сега има повеќе од 210 милиони прегледи, а вкупниот број не вклучува прегледи од другите канали кои имаат право да ја објавуваат музиката на Балашевиќ.
Една песна, сепак, е убедливо пред сите други во однос на слушаноста. Станува збор за песната „Кад одем“, која во моментов е меѓу десетте најслушани нумери во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, пишува „Индекс.хр“.