Истечен мандатот на поротничка во случајот „Ласкарци“

од Viktor Jovanov
271 прегледи

Поротничката Славица Шандовска поради истек на четири годишниот мандат повеќе нема да биде дел од судечкиот совет во предметот „Ласкарци“. Случајот нема да започне одново со процесот, на рочиштата на местото на Шандовска ќе присуствува заменскиот поротник.

Ваков случај има и во судењето за предметот ТНТ, каде во прашање се става целиот судски процес поради истекот на мандатот на поротничката Лилјана Кочковска поради што постои можноста процесот да започне од почеток.

Случајот Ласкарци сепак нема да започне од почеток бидејќи за разлика од судијата Огнен Ставрев кој го води случајот ТНТ, судијката Диана Груевска на време од самиот назначила заменик поротник кој ќе дојде на местото на Шандовска.

Заменски поротници има и во случајот Титаник исто како и во случајот со 27 април каде судијката Добрила Кацарска имала назначело дури 3 заменски поротници.

Судот и одбраната веќе една недела водат битка дали треба да продолжи судењето за ТНТ со поротник чиј мандат е истечен лани. Додека одбраната тврди дека тоа е незаконски, судот закажа секојдневни судења до 27 јануари – За тогаш судскиот совет најави дека ќе донесе одлука за мандатот на поротничката.

Слични содржини