Денес излегоа рендери на два претстојни Nokia паметни телефони. Станува збор за Nokia 7 Plus и Nokia 1. Повторно, благодарение на Еван Блас, успеавме да видиме како ќе изгледаат двата уреди кои треба да бидат објавени официјално на Светскиот мобилен конгрес кој започнува по десет дена во Барселона.
Поголем интерес предизвикува Nokia 7 Plus, кој се очекува да биде опремен со двојна главна камера со леќи, дело на Carl Zeiss. Освен со добри можности за снимање, смартфонот се очекува да биде опремен со 6-инчен екран со сооднос 18:9, кој е во склад со сегашните трендови кај дисплеите.
Од HMD, производителите на телефони со брендот Nokia, изгледа повторно ќе се потпрат на Snapdragon, а гласините се дека процесорот на Nokia 7 Plus ќе биде Snapdragon 660, а во прилог на него се очекува и присуството на 4 GB RAM меморија.