
Sony подготвуваат премиера на трети паметен телефон од висока класа за оваа година и многумина очекуваат премиерата да стане факт на IFA 2018. Технолошкото шоу ќе се одржи во Берлин помеѓу 31 август и 5 септември, кога ќе видиме и многу други нови производи на водечките производители. Главниот фокус на Sony за време на настанот ќе биде паметниот телефон Xperia XZ3. Според непотврдени информации, моделот ќе продолжи стратегија на компанијата и ќе има само една камера во задниот дел.
Новиот паметен телефон се очекува да користи 48МР објектив IMX586 кој е базиран на Quad Barrey Array технологијата и има потенцијал да ја промени нашата замисла за мобилната фотографија. Уредот ќе се продава на пазарот во три различни конфигурации со имињата H8416, H9436 и H9493, информира XperiaBlog. Екранот на Sony Xperia XZ3 ќе биде со големина од 5,99 инчи и нема да има исечен дизајн, но ќе поддржува Full HD + резолуција.
Високите перформанси ќе бидат гарантирани со Qualcomm Snapdragon 845 процесор и 6GB RAM меморија. Вградената меморија ќе биде 128GB. Во секој случај најголем интерес околу Sony Xperia XZ3 предизвикува новиот 48МР камера сензор, како и дали уредот ќе работи со Android 9,0 Pie. Официјалната премиера е само по неколку недели, кога ќе дознаеме повеќе за подобрувањата во смартфонот, како и по која цена ќе биде достапен на европскиот пазар.