Источна Европа “ударно” ги зголемува трошоците за одбрана

од desk3
101 прегледи

Паѓаат воените трошоци на САД, а се зголемуваат во земјите од Источна Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија. Ова станува јасно од извештај на Шведскиот институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Iran starts renewed war games

Генерално е регистриран пад на воените трошоци во светот во 2014 година во споредба со 2013 година. Во изминатата година се потрошени 1,8 трилиони долари или 0,4% помалку од претходната година.Значи трета година по ред е регистрирано намалување на воените трошоци на светски план.

Трошоците на САД (610 милијарди долари) во областа на одбраната се намалени за 6,5% поради политиката на страна за намалување на буџетскиот дефицит. Од 2010 година трошоците се паднати за околу 20%. Меѓутоа сегашните нивоа се уште се со 45% повисоки од 2001 година – малку пред терористичките напади во 2001 година.

Кина (216 милијарди долари), Русија (84,5 милијарди долари, раст со 8,1%), Саудиска Арабија (80 милијарди долари) се другите три земји со највисоки трошоци во одбраната. Ријад предвидува 17% зголемување на парите за одбрана – највисокиот процент меѓу првите 15 земји во трошоци во светот.

Во топ 15 влегуваат исто Франција, Велика Британија, Индија, Германија, Јапонија, Јужна Кореја, Бразил, Италија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и Турција.

34% од светските трошоци се само на САД, 12% на Кина и 4,8% на Русија, 4,5% на Саудиска Арабија, околу 25% од останатите држави во првите 15 и 20% од другите земји во светот.

Конфликтот во Украина поттикна многу држави до Русија, во Централна Европа, Балтикот и Скандинавија, да ги зголемат воените трошоци. Украина ги зголемила трошоците за одбрана со над 20% во 2014 година и планира да ги удвои во 2015 година. Русија исто така констатира и во буџетот зголемување на трошоците во оваа година, но тоа е планирано пред конфликтот во Украина. Всушност рускиот воен буџет за 2015 година е намален за 5% заради намалената приходи поради намалената цена на нафтата во крајот на 2014 година. Но ревидираниот буџет е значително зголемен во 2014 година.

Во Европа како целина воените трошоци се зголемени за 0,6% во 2014 година, достигнувајќи 386 милијарди долар, 6,6% повисоки во споредба со 2005 година. Во Источна Европа се зголемија за 8,4% во текот на изминатата година, достигнувајќи 93,9 милијарди долари, додека во Западна и Централна Европа се намалија за 1,9% до 292 милијарди долари. Од 2005 година земјите од Источна Европа ги зголемија трошоците со 98%, додека во Западна и Централна Европа се намалија за 8,3%.

Во 2013-2014 година најголемо зголемување на парите за одбрана во Европа е забележано во Украина (23%), Полска (13%), Русија (8,1%) и Литванија (6,0%). Најголем пад има во Албанија (-26%), Португалија (-12%), Грција (-11%) и Италија (-8,8).

Воените трошоци во Азија и Океанија скокнаа 5% во 2014 година, достигнувајќи 439 милијарди долари. Најголемо е зголемувањето на Кина – 9,7%.