Пресот на Apple оддржан на 10 Септември 2013 беше уникат во нивната историја — тие најавија не еден туку два телефони во ист ден.
Првиот беше минатогодишниот телефон спакуван во колоритно куќиште. Минатото станува сегашност. Вториот беше се за иднината. Тоа беше iPhone со најнапредно размислување било кога. Тоа беше iPhone 5s.
Златниот стандард
iPhone 5s, код N51 модел број iPhone 6.1, го имаше истиот (навидум) дизајн како iPhone 5, нешто што стана заштитен знак на Ѕ класата на Apple телефоните. (Промената од големо S во мало s во брендирањето е визуелен трик — 5S има поголеми шанси да се прочита како 55 па е формирано 5s). Тоа значи iPhone 5s го има истиот 4-инчен екран, 1136×640 пиксели, 326 точки на инч, 16:9 сооднос на висина/ширина, истата едноќелијна технологија која ги исцртува пикселите директно во стаклото.
Куќиштето остана непроменето. А тоа беше проблем. Apple веќе се соочуваше со медиумски притисок за „дежаву“ досаден iPhone 5. Како можеа да променат нешто кога дизајнот не се менува? Тука стапува на сила само површинска промена. Менувајќи ја бојата.
Оригиналниот iPhone беше достапен само во алуминиум и црна. iPhone 3G и iPhone 3GS со црн преден дел, и можност за избор помеѓу црна и бела позадина. iPhone 4 и iPhone 4s и предна и задна страна во црна или бела боја. iPhone 5 доаѓаше во две нијанси, црно-сива, бело-сребрена. iPhone 5s има додаток бело-златна. Шеговито е наречен Кардашиан, поврзано со славната личност која својот iPhone 5 го ре-галванизираше во златно порано годината. Apple наместо длабоко златна нијанса, употреби лесна шампањ златна.
Додека златната боја е најлесната за алванизација, црната останува најпроблематична. После соочување со гребаници на црниот iPhone 5, Apple премина на вселенско сиво кај iPhone 5s. Не беше некоја промена на нијанса, но беше огромен скок за отпорност.
Секако, најголемите достигнувања беа во внатрешноста. Наместо A6 Swift, Apple стави Apple A7 процесор. Воедно е и првиот 64-битен мобилен процесор во малопродажба. Тоа што тие први добија 64-битен процесор пред Samsung и Qualcomm, кои се самите производители на чипови, беше импресивно за љубителите на технологијата но разочарувачко за овие две компании.
Процесорот на Apple, A7 е 28nm, двојадрен, со брзина од 1.3GHz, и додаден е 1GB DDR 3 работна меморија. Работната меморија додаде прилично кај корисноста кај 64-битни апликации и значително многу за брзината на целокупниот уред. Како и да е, повеќе работна меморија, значи поголема потрошувачка. Apple треба да бара баланс, или да произлезе со нова формула…
За разлика од претходните S-класи, просторот за складирање податоци остана ист — 64GB остана максимумот.
Со Apple A7 дојде и безбедносниот бум, копроцесор кој обработува енкрипција, вклучувајќи нова технологија Touch ID сензор за идентификација со отпечаток на прст. Кога прстот е поставен на Home копчето, метален прстен го детектира, и се зема слика со висока резолуција. Таа слика се преведува во бинарна форма, и веднаш се уништува. Бинарната форма се зачувува во хардверски обезбеден чип, се споредува со 5 претходно снимени отпечатоци, доколку има совпаѓање, се добива „ДА“ за отклучување на уредот или купување од AppStore. Тоа е паметно решение на вистински проблем.
Безбедноста е секогаш во борба со практичноста. Испитувањата на Apple покажуваат дека само половина од стотиците милиони корисници на iPhone користат пин со 4 бројки. Touch ID ќе им овозможи на корисниците да го отклучат својот iPhone , да одобрат купување на iTunes Store, App Store, and iBooks Store — со едноставно ставање на прстот на Home копчето. Помалку безбедно од долга, алфанумеричка лозинка, но многу побезбедно од едноставна лозинка, во вечната борба помеѓу практичност и безбедност, тоа е добар компромис.
На почеток имаше прашања колку е relevanten Touch ID. Сензорите за отчитување на отпечатоци од прст беа далеку несофистицирани. Имаше многу Страв, Несигурност и Сомнеж (СНС) расширени веднаш по лансирањето. Имаше видеа од луѓе кои прават лажни отпечатоци за да го зезнат системот. Исто имаше проблем со методот кој требаше да зголеми доверба при повторно и повторно отчитување на отпечатоците — понекогаш правеше „погрешно свртување“. СНС падна, зезањето беше разработено во детали, Apple издаде ажурирање на iOS 7, довербата беше вратена.
Touch ID стана тоа што треба да биде — безбедност доволно практична што корисниците ќе ја користат. Според испитувањата на Apple, се случи. Корисници кои користат долги лозинки, од 41% пред-Touch ID скокна на 83% пост-Touch ID.
Вградената iSight камера доби значителни подобрувања, вклучувајќи 120 fps slow-motion видео, 30 fps панорама снимање, жив видео зум, интелигентно сликање на повеќе слики одеднаш, двојно побрзо фокусирање, автофокус и електронска стабилизација на слика(EIS).
Покрај чип сетот, iPhone 5s iSight камерата е сеуште Sony IMX145 and Exmor-RS CMOS сензор, но големината порасна од 1.4 на 1.5 микрони, а апертурата од f/2.4 на f/2/2. Ова комбинирано доведе до 33% зголемување на осетливост на светлина. Apple исто така додаде двобоен блиц кој имаше бел и жолт елемент, за подобро распознавање на температурата на боите.
Предната FaceTime исто така доби подобрување, од 1.75 на 1.9 микрони, со подобрено позадинско светло.
Bluetooth и Wi-Fi останаа со истата функционалност.
Цената, за не многу изненадување остана истата. iPhone 5s е лансиран со $199 за 16GB, $299 и $399 за 32GB и 64GB , на договор.
Помоќен отколку што мислите
iPhone 5s е пуштен во продажба на 20 Септември 2013 во САД Австралија, Канада, Кинда, Франција, Германија, Хонг Конг,Јапонија, Порто Рико, Сингапур и Обединетото Кралство. Тешко е да се каже колку се продадени првиот викенд затоа што iPhone 5с се продаваше во исто време а Apple не прикажа посебна бројка за двата модела. Apple изјави дека се продадени 9 милиони iPhone уреди тој викенд, комбинирано iPhone 5c + iPhone 5s, а некои аналитичари сметаат дека iPhone 5ѕ држи околи 6.75 милиони.
Од жешки платформи до огнени продажби
Соперниците базирани на Qualcomm беа фатени во тесно од Apple A7. Samsung, кој имаше свои чипови а воедно користеше и Qualcomm (не прашувајте)му требаше една цела година да постигне тоа што Apple го постигна сам со себе (64-битен процесор).
И покрај тоа што другите производители работеа во „тандем“, Samsung и HTC (хардвер) со Google и неговиот Android (софтвер), Nokia (хардвер) и Microsoft со Windows Phone (софтвер), не успеаја да достигнат продажби како што постигна Apple креирајќи и хардверски (iPhone) и софтверски (iOS) решенија сам со себе.
Седум години подоцна
До 2013 Apple дојде од „розов сон“ па се до границите на технологијата. iPhone 5s зазема надворешност од iPhone 5 и ја „наполни“ со елементи кои ќе го донесат iPhone, а воедно и Apple години нанапред во иднината. Но што кога сонот е исполнет? Секако Apple ќе се појави со нешто уште поинтересно…

