Во минатото шминката била користена единствено и само од актерки и актери на сцената.
Историјата ја раскажува транзицијата на козметиката од ексклузивно употребуваното средство до масовно производство и дистрибуција до секоја жена, за што сведочиме денес.
Зачудувачката експанзија на шминката и техниките на нанесување стигнува до таква мера, што дамите ја имаат воведено нејзината употреба како задолжителна секојдневна рутина.
Без разлика дали сте од жените за кои се тврди приврзанички на техниките со различни козметички производи, или сакате да го пратите процесот отстрана, историјата открива интересни факти околу трансформацијата и креирањето на моќната индустрија.
Ви го претставуваме секој еден од најчестите производи и интересни факти за него во текот на годините.
Лак за нокти
Лакот, кој е лансиран за масовна употреба, е измислен во 1920 година преку употреба на нитроцелулоза, која ја играла улогата на стврднувач на филм.Убавиот маникир бил симбол на класа и најчесто се сретнувал кај дами од буржоазијата. Со минувањето на времето, овој тип козметички производи станале значително поприфатливи. Трендот во Франција е карактеристичен со лакирање само на средниот дел од ноктите, оставајќи ги горниот и долниот дел апсолутно природни. Хоризонталната црта оптички ја проширувала плочката, создавајќи илузија на поголеми ноктот.
Кармин
Најдобро би се портретирал начинот на кој се нанесувал карминот во минатото, со кадри од филмот “Мемоарите на една гејша”. Наместо сегашното цртање на усните, долго време жените ги користеле боите единствено и само врз централните делови.
Маскара за трепки
Густите и долги трепки се добивале во минатото со интересна формула – мешавина помеѓу вазелин и саѓи. Во подоцнежниот дел на 20-тите години, иновациите на Maybelline го промениле драстично светот на козметиката. Ова го дава почетокот на интересот и создавањето на водоотпорни спирали за трепки, но значително подоцна се воведуваат четките со кои го нанесуваме производот денес.
Руж
Благодарение на технолошкиот напредок, ружот во денешно време е исклучително удобен.Ова се должи на иновациите во форма и пакувањето, кои значително ја менуваат козметичката индустрија. Малите и компактни канистри го прават лесен за носење и аплицирање. Жените во минатото се потпирале на значително различно нанесување од она што го правиме ние. Наместо долгата линија со мека четка која формира јагодички, дамите се обложувале на рачно нанесување и тркалезни форми.
Веѓи
Во споредба со денешната љубов кон цврсто исцртаните веѓи, жените се воделе по сосема поинаков, дури поостар тренд. Во 20-те години, обликувањето се содржело во отстранување на поголемиот дел од влакненцата и оставањето на тенка линија. Не била ретка пракса и целосното откорнување на влакната и цртањето на тенка линија со молив.