Историја: Пандев е најстариот играч што постигнат погодок против Германија, соборен рекорд од 1953. година

Со погодокот кој го постигна вечерва Горан Пандев, 37-годишниот струмичанец стана највозрасниот фудбалер кој постогнал гол против Германија во еден меч од квалфикации за СП. Досега, најстар стрелец против Германците бил Ханс Нордал во далечната 1953 година, кога Нордал имаше 35 години.

После Португалија во 1985 и Англија во 2001 година, Македонија е само третиот национален тим кој славел против Германија во меч од квалификации за СП.

Слични содржини