289
Околу 30 милиони долари беа украдени од складиште за готовина во еден од најголемите грабежи во историјата на Лос Анџелес.
Крадците го пробиле покривот на објектот низ кој влегле во неделата вечерта, а грабежот бил откриен ден подоцна кога бил отворен сефот, јавува Sky News.
Сè уште е нејасно како крадците успеале да не го активираат алармот во објектот, за кој началникот на полицијата Елејн Моралес рече дека се чувале пари од локалните компании во долината Сан Фернандо.
Федералното истражно биро (ФБИ) ќе учествува во истрагата заедно со полицијата, а се претпоставува дека токму Велигден е избран за да се избегне вниманието од околниата