351
Во Германија потрошувачката на пиво драстично се намали минатата година, и се купувало толку малку како кон крајот на 1950-тите.
Додека во 2019 година потрошувачката на пиво по глава на жител беше околу 92 литри, минатата година се намали за четири литри на околу 88 литри, објави Здружението на германски пивари.
Главната причина за намалувањето на потрошувачката на пиво е затворањето на ресторани и барови заради епидемиолошките мерки.
Последен пат се испило толку малку пиво во 1958 година, кога потрошувачката по глава на жител била под 90 литри.
„Ситуацијата е драматична“, подвлече директорот на здружението „Холгер Ејхеле“ во изјавата на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.