196
Јужноафриканецот Бред Биндер, возачот на КТМ, победи на трка во Мото ГП во Брно, трета за оваа сезона.
Тоа беше првиот историски триумф за КТМ во кралската класа, а исто така и прв за Биндер.
Второто место го освои италијанецот Франко Морбидели со Петронас Јамаха, кој стигна до првиот подиум во кариерата со малку повеќе од 5 секунди заостанување, додека на третото место беше возачот на Авинтија, Французинот Жоан Зарко.
Алекс Ринс, Валентино Роси, Мигел Оливеира, Фабио Квартаро, Такаки Накагами, Алеиш Еспаргаро и Џек Милер исто така завршија во Топ 10.
Италијанецот Андреа Довициозо, член на тимот на Дукати, ја заврши трката на 11-то место со повеќе од 16 секунди зад победникот.