Истрага и апсења поради модна фотосесија во џамија во Анкара

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Турските власти покренаа истрага за модна фотосесија во џамијата Коџаитепе во Анкара, јави турската приватна телевизија НТВ.

Генералното обвинителство на Анкара соопшти дека во рамките на истрагата се приведени две лица, режисерот Б.К. и моделот Е.Ј.

Владата на Анкара, исто така, започна административна проверка и истрага.

Фотографиите се направени и внатре и надвор од џамијата. Сесијата била наречена „Магијата на спротивставените“.

Режисерот споделил фотографии на социјалните мрежи кои предизвикаа реакции во јавноста, вклучително и поради облеката на манекенката.

Истрагата од страна на главниот обвинител на Анкара е покрената поради „јавно понижување на верските вредности прифатени од дел од општеството“, соопшти телевизијата.

Слични содржини