Истрага во болницата во која се лекуваше Кејт Мидлтон: Вработен се обидел да пристапи до картонот на принцезата

Еден од вработените изјави дека „ова е сериозен прекршок на безбедноста и неверојатна загуба за болницата, со оглед на нејзината беспрекорна репутација за лекување на членовите на кралското семејство“.

од Бети Божиноска
803 прегледи

Болницата во која што се лекуваше Кејт Мидлтон отворила истрага за можно нарушување на безбедноста откако врабитен во установата беше обвинет дека се обидел да пристапи до нејзиноиот приватем медицински картон.

Раководството на клиниката во Лондон во која принцезата од Велс беше подложена на абдоминална операција во јануари покренаа истрага за инцидентот откако беше откриено дека најмалку еден вработен на болницата се обидел да пристапи до картонот на принцезата.

Еден од вработените изјави дека „ова е сериозен прекршок на безбедноста и неверојатна загуба за болницата, со оглед на нејзината беспрекорна репутација за лекување на членовите на кралското семејство“.

Како што пишува „Дејли мејл“, раководството на болницата веднаш по ова сознание стапило во контакт со Кенсингтонската палата и ги увериле дека истрагата ќе ја спроведат до крај.

Истрагата доаѓа во време на многу шпекулации за здравствената состојба на принцезата што Кенсингтонската палата не сакаше да ја објави пред Велигден. Теориите на заговор кои се појавија во јавноста беа дека Кејт е мртва, дека е заменета со двојничка и дека нејзиниот брак со принцот Вилијам е во криза.

Слични содржини