Двајца службеници на Белата куќа се разболеле од мистериозна болест на крајот на минатата година, поради што надлежните американски служби започнаа истрага.
Станува збор за болест наречена „Хаванов синдром“, која се јавува откако ќе помине низ безбедносни сензори и се манифестира со физички симптоми кои се појавија кај повеќе од 100 американски дипломати, разузнавачи и воен персонал ширум светот, пренесува Си-Ен-Ен
Симптомите на „Хавана синдром“ ги доживеале и двајца претставници на американскиот Совет за национална безбедност, едниот само еден ден по претседателските избори во декември 2020 година, а другиот неколку недели подоцна.
Засега, американската разузнавачка заедница не успева со сигурност да утврди кој или што ги предизвикува овие мистериозни нарушувања на нервниот систем и дали може со сигурност да се каже дека станува збор за „напад“, па дури и дали електронските уреди можат да предизвикаат толку необично и мистериозна реакција.