Германија пронашла траги од подморски експлозив во примероци земени од јахта „за кои постои сомневање дека биле користени за транспорт на експлозивот“ во саботажа на гасоводот Северен тек, се вели во писмото испратено од таа земја до Советот за безбедност на ОН заедно со Шведска и Данска.
Серијата досега необјаснети експлозии ги прекинаа гасоводите Северен тек 1 и 2 што ги поврзуваат Русија и Германија под Балтичкото Море во септември минатата година, во ексклузивните економски зони на Германија, Шведска и Данска.
Секоја од нив води посебна истрага и ги испрати најновите информации, до кои „Ројтерс“ имал увид, пред состанокот на 15-члениот Совет за безбедност во вторник на барање на Русија, која тврди дека не била информирана за напредокот на истрагите.