Истражувањe покажа: Врските кои започнале онлајн траат подолго од останатите

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Апликациите за состаноци како Тиндер се користени од многу луѓе – особено откако светот беше погоден од пандемијата на коронавирус, па шансите за запознавање на нова личност се значително намалени. Едно истражување сега покажа дека оние врски што започнале токму така – онлајн – траат подолго од останатите, пренесува „Мирор“.

Истражувањето е спроведено во Швајцарија на 3.235 парови над 18 години, а психолозите заклучиле дека оние луѓе кои користат апликации за запознавање на сродни души имаат многу поголеми и поцврсти цели во љубовната врска, а со самото тоа и поголеми шанси да ја пронајдат вистинската личност и да ја одржат таа врска.

Исто така, оние парови кои се запознаваат на Интернет многу порано сакаат да започнат да живеат заедно. Истражувањето открило и дека апликациите помагаат во негувањето на врските на далечина, дека луѓето сакаат побрзо да имаат деца и дека се сексуално задоволни исто како и оние парови кои се запознале во живо.

Слични содржини