Научници од Факултетот за менаџмент на Универзитетот во Сингапур и психолози од Лондонската школа за економија и политички науки спроведоа истражување, за кое објави „Birmingham Mail“.
Научниците докажаа дека високо интелигентните луѓе сакаат да поминуваат повеќе време сами отколку во друштво со други.
Истражувањето било спроведено на 15.000 испитаници, а се покажало дека во повеќето случаи луѓето претпочитаат друштво отколку самотија. Сепак, исклучок се луѓето со повисока од просечната интелигенција. Сакаат да бидат сами, а причината може да се крие во еволуцијата.
Имајќи предвид дека луѓето повеќе не треба да се дружат за да имаат доволно храна и да преживеат, постои веројатност дека натпросечно интелигентните луѓе, бидејќи се еволутивно понапредни, нема потреба да се зближуваат со другите.
Друго објаснување е дека тие се премногу амбициозни, па затоа претпочитаат да поминуваат време работејќи на себе и својот напредок, наместо да се зближуваат и да се дружат со другите.