Истражувања покажуваат: Луѓето стануваат возрасни едвај кога ќе навлезат во 30-тите

од Vladimir Zorba
861 прегледи

Според невролозите, дури и да имате 18 години, не сте возрасен, бидејќи мозокот сè уште претрпува значителни промени. Професорот Питер Џонс од Универзитетот во Кембриџ изјави за Би-Би-Си дека преминот од детството во зрелоста е многу „понијансиран“ отколку што мислиме.

„Она што навистина сакаме да го кажеме е дека да се има дефиниција, кога се преминува од детството во зрелоста, е апсурдно. Тоа е многу поизразена транзиција што се одвива во текот на три децении“, рече тој.

Во нивната студија, д-р Џонс и неговите колеги користеле магнетна резонанца за да го разгледаат мозокот на 297 доброволци на возраст од 14 до 24 години. Тие откриле дека мозокот сè уште се формира по 18-годишна возраст, што значи дека влијае на однесувањето и ја зголемува веројатноста за развој на нарушувања на менталното здравје.

Тој посочи дека сметањето на тинејџерите како „возрасни“ е соодветно само од социјални причини.

„Претпоставувам дека системите како што се образовниот, здравствениот и правниот систем си олеснуваат со поставувањето на дефиницијата“, рече тој, додавајќи дека искусни судии за кривични дела ја препознаваат разликата помеѓу 19-годишен обвинет и повторно обвинет во нивните 30-ти.

„Не постои нешто како детство и зрелост. Луѓето се на пат, тие се на патека“.

Слично на тоа, во интервју за PBS, д-р Џеј Гид, шеф на детската психијатрија во Rady Children’s Hospital-San Diego, рече дека развојот на префронталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за социјалните интеракции, регулацијата на емоциите, контролата на импулсивното однесување и проценка на ризик, не завршува на возраст од 18 години. Наместо тоа, тој вели дека се потребни речиси 25 години.

Така барем тврди науката и споменатото истражување, а можеш да се чувствуваш стар или млад и да се однесуваш како дете или пензионер, колку сакаш, без разлика на мозокот и неговиот развојен пат.

Слични содржини