Истражување: Двојно зголемен бројот на Турци кои штедат во злато

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Во последните три години двојно е зголемен бројот на Турци кои штедат во злато. Според резултатите од истражувањето годинава околу 25 проценти од Турците се одлучиле своите заштеди да ги претворат во злато.

злато и пари

Во 2012 година 11,8 отсто од турските граѓани имале заштеди во злато.  Истражувањето покажува и дека 42 проценти од луѓето во Турција немаат никакви заштеди.

Во последните години зголемен е и бројот на Турци кои имаат заштеда во странски валути. Во 2012 година само 4,3 отсто од турските граѓани имале заштеда во странски валути, додека годинава нивниот процент се зголемил на 10,5.

Но, зголемен е и бројот на Турци кои земаат банкарски кредите на 33,1 отсто