Истражување: Грозјето може да го продолжи животот до пет години и да го намали ризикот од Алцхајмерова болест

Грозјето не е само вкусен и освежителен овошен избор – туку и можен клуч за подолг и поздрав живот. Научна студија објавена во списанието Foods открива дека консумирањето грозје може значително да го намали ризикот од Алцхајмерова болест, замастен црниот дроб и потенцијално да го продолжи животниот век до пет години.

од Марта Пешевска
10 прегледи

Истражувањето е спроведено на женски глувци кои биле хранети со типична западна масна храна. Половина од нив добивале и додатоци од грозје. Научниците ги анализирале ефектите врз мозокот, црниот дроб и метаболизмот, а резултатите биле впечатливи.

Антиоксидансите присутни во грозјето покажале способност да ја подобрат функцијата на невроните, со што значително се намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест. Дополнително, глувците што примале додатоци од грозје живееле подолго и покажале побрз метаболизам и поздрав црн дроб.

Замастениот црн дроб, кој е во пораст поради нездравата исхрана, често се поврзува со хронични заболувања, вклучувајќи рак и деменција. Грозјето, според оваа студија, може да помогне во превенцијата на такви состојби.

Коавторот на студијата, д-р Џон М. Пецуто, декан на Колеџот за фармацевтски науки и здравствени науки на Универзитетот Западна Нова Англија, изјави дека ефектите од грозјето се поврзани со промени во генската експресија.

„Ако го промените нивото на експресија на антиоксидантните гени, како што забележавме со грозјето додадено во исхраната, резултатот е каталитички одговор што може да направи вистинска разлика“, вели д-р Пецуто.

Грозјето што се користело во истражувањето било обезбедено од Калифорниската комисија за трпезно грозје, која делумно ја финансирала и самата студија.

Извор: NYPost

Слични содржини