Истражување: Хитлер “создал” атомска бомба, која била пренесувана со летачка чинија

од desk3
88 прегледи

Документарен филм на германска телевизија открива дека нацистите биле исклучително блиску до создавање на оружје за масовно уништување, пишуваат британските медиуми.

hitlersatomicbomb

Според документарниот филм “Барањето на атомската бомба на Хитлер”, емитувана на канал ZDF, истражувањата биле толку напредни што руски воени затвореници биле жртвувани при тестирањето на ефикасноста на бомбата.

Филмот е создаден врз основа на информации од Русија и САД, која покажува дека Третиот Рајх бил на чекор од создавање на атомска бомба.

Се цитираат извештаи од испрашувањата на нацистички научници, читања на очевидци и снимени податоци од научници.

Историчарот Матиа Ул тврди дека во последната година од војната трката за создавање на атомска бомба сериозно се зголемила.

Во центарот на програмата е генерал СС Ханс Камлер кој поседувал 175 000 затвореници на концентрациони логори, кои работеле во фабриките за ракети Фау, во производството на тенкови и изградба на тајни бункери за нацистичката елита.

Камлер бил еден од ретките кои известувал само пред Хитлер и бил поставен од Фирерот на чело на нуклеарната програма. Еден од главните проекти кои тој ги раководел, бил во долината Јонас во Тирингија, Источна Германија, за кој се тврди дека е поврзан со нуклеарни и вселенски програми.

Се проценува дека еден тест е извршен во почетокот на март 1945 година.

САД наметнале тајност за 100 години на документите поврзани со долината и со тајните тунели на нацистите. Според поддржувачите на теории на заговор Американците откриле две работи во тунелите – едноставна атомска бомба и летачката чинија за испорака на оружје за масовно уништување.

На крајот на војната биле забележани летечки чинии – наречени “Foo Fighters”.

ZDF ги цитира советски документи од агенти на руското воено разузнавање кои зборуваат за два нуклеарни тестови во Тирингија.

Тие изјавиле дека Германците прават ново тајно оружје што има огромна деструктивна сила. Според нив бомбата била со дијаметар 1,5 метри.

И во друг руски извештај се забележува дека Германците извршиле две експлозии со голема сила во Тирингија. Во еден од извештаите се додава дека “во центарот на експлозијата се убиени руски воени затвореници и често не останува трага од нив. Исто силен радиоактивен ефект е забележан “.

Сепак авторите на документарниот филм не успеале да откријат како научниците се здобиле со ураниумот, признавајќи дека многу делови од историјата остануваат во мистерија.