„Исцелител“ заковал шајка во глава на трудница, тврдејќи дека така ќе роди машко дете

од Nikola Popovski
320 прегледи

Бремена жена се појавила во пакистанска болница со шајка забиена во главата од исцелител, гарантирајќи дека ќе роди машко дете, соопштија медицински извори.

Трудницата дошла во болницата во Пешавар, северозападно од Пакистан, откако сама се обидела да го извади клинецот, изјавил за францускиот печат неименуван лекар кој ја примил пациентката.

„Таа беше целосно свесна, но имаше големи болки. Рендгенот покажа дека клинецот бил забиен пет сантиметри во черепот, но не стигнал до мозокот“, додал докторот.

Жената рекла дека е мајка на три ќерки и дека чека уште едно девојче.

Традиционалните исцелители, чии практики често се вкоренети во мистицизмот, се вообичаени во Пакистан, претежно муслиманска земја, иако различни исламски училишта не ги одобруваат таквите ритуали.

Во Јужна Азија раѓањето на момче често се смета за добар знак, бидејќи се верува дека тој може подобро да обезбеди финансиска иднина за своите родители отколку девојче.

Полицијата соопшти дека сè уште го испрашува пациентот, надевајќи се дека наскоро ќе го „фатат исцелителот“.

Слични содржини