Во средата навечер, Англија ја победи Данска и се пласираше во финалето на ЕУРО 2020, а натпреварот го следеа многу познати личности.
Меѓу оние кои се радуваа на успехот на англискиот тим на стадионот „Вембли“, највпечатлива реакција имаше пејачката Адел.
Музичката sвезда објави видео на Инстаграм на кое може да се забележи како скока и вреска од среќа по голот што играчот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн го постигна од белата точка.
Пејачот Роби Вилијамс, исто така, бурно реагираше на победата на тимот за кој навива. Неговата сопруга Аида Филд сподели слика на рокерот на Инстаграм во моментот кога на телевизија се слушна химната на англиската репрезентација.
Аида се пошегува на сметка на Роби: „Точниот момент кога сфати дека фудбалот се враќа дома за прв пат во целиот свој живот“.
И Пејачката Дуа Липа не го криеше својот ентузијазам за исходот од вториот полуфинален натпревар, кој го следеше со своите пријатели облечена во црвен мини фустан и со боите на англиското знаме на лицето.