It’s coming home? Кејн ја однесе Англија во финалето на ЕП

од Vladimir Zorba

Англиските фудбалери се пласираа во финалето на Европското првенство во фудбал. Тие по продолжение ја совладаа Данска во полуфиналниот натпревар, со 2:1, а резултатот во регуларните 90 минути беше 1:1.

Фудбалерите на Англија и Данска на „Вембли“ одиграа натпревар и повеќе од достоен за полуфиналето на Европското првенство. Публиката на стадионот, но и милионската публика пред малите екрани, можеше да го види напаѓачкиот фудбал од првата до последната минута, каде иницијативата и доминацијата на теренот се менуваа скоро од минута во минута.

Данците поведоа со голот на Дамсгард во 30.минута, додека „Гордиот Албион“ израмни со автоголот на Кјаер десетина минути подоцна. Мечот отиде во продолженија со тој резултат а во 104-тата минута гол вреден финале постигна Хари Кејн.

Ден претходно, Италија се пласираше во финалето, совладувајќи ја Шпанија со 4:2 по подобро изведување на пенали, додека резултатот во регуларниот тек на мечот и во продолженијата беше 1:1.

Финалето е закажано за 11 јули.

Слични содржини