157
Италијанскиот мразокршач „Лаура Баси“ отплови до најјужната точка до која стигнал брод и со тоа постави нов рекорд.
Истражувачите и техничарите на бродот, за време на океанографската кампања на 38-та италијанска експедиција на Националната програма за истражување на Антарктикот, во рамките на Заливот на китовите, отпловиле до досега неистражена локација во Росовото Море на Антарктикот, пренесува Република.
Добрите временски услови овозможија да се вршат научни активности во близина на ледената покривка Рос, која е особено ниска на оваа локација и е висока околу осум метри.