Италија доби пресуда за загадениот воздух од Европскиот суд

568 прегледи

Поради прекршување на европскиот закон за квалитет на воздухот и систематско надминување на граничните вредности поставени за ситните ПМ честички, Европскиот суд за правда донесе пресуда против Италија.

Имено, судот констатираше дека во периодот од 2008. до 2017. година, дневните и годишните гранични вредности одредени за честичките ПМ 10 редовно биле надминувани во одредени делови од Италија. Државата не усвоила мерки навреме за да гарантира почитување на граничните вредности.

Од минатото, познато е дека и Франција беше осудена во 2019. година, а Полска во 2018. година. Такашто Италија не е единствена земја која е обвинета поради ваквото прекршување.

Според податоците на Европската агенција за животна средина загадувањето на воздухот е причина за околу 480.000 предвремени смртни случаи во Европа.

Слични содржини