Италија го казни Amazon со 1,13 милијарди евра

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Италијанскиот антимонополски регулатор ја казни компанијата за е-трговија Amazon со 1,13 милијарди евра поради злоупотреба на доминацијата на пазарот, што е една од најголемите казни во Европа за американски технолошки гигант, објави Ројтерс.

Amazon изрази „силно несогласување“ со одлуката на италијанскиот регулатор и најави жалба.

Регулаторниот надзор на технолошките гиганти е засилен по серијата скандали со приватноста и дезинформациите, како и по поплаките од некои компании дека тие компании ја злоупотребуваат својата пазарна моќ.

Покрај Amazon, под зголемен надзор во Европа се и Google, Facebook, Apple и Microsoft,, забележува британската агенција.

Италијанскиот надзорен орган изјави дека Amazon ја користел својата доминантна позиција на пазарот на услуги за да ги фаворизира логистичките услуги на продавачите кои се активни на нејзиниот, италијанскиот сајт Amazon.it.

Властите појаснија дека услугата на Amazon за посредување на пазарот на услуги FBA, со голем број ексклузивни придобивки, вклучувајќи ја и етикетата Prime, помогнала да се зголеми видливоста исклучиво за корисниците на услугата и да се зголеми продажбата на Amazon.it.

„Amazon го спречува вклучувањето на понуди од трети лица препродавачи со ознака Prime, кои не се управувани од FBA“, рече регулаторот.

Ознаката Prime обезбедува поповолни услови за продажба за повеќе од седум милиони најлојални потрошувачи и клиенти од високата класа кои се членови на програмата за лојалност на Amazon.

Amazon рече дека услугата FBA е „целосно опционална услуга“ и дека повеќето продавачи од трети страни на Amazon не ја користат.

„Продавачите кои избираат FBA го прават тоа затоа што услугата е ефикасна, достапна и конкурентна во однос на цените. Предложените парични казни и правни лекови се неоправдани и неурамнотежени“, велат од компанијата.

Слични содржини