Италијанското регулаторно тело АГЦМ соопшти денеска дека ја казнило кинеската платформа „ТикТок“ со 10 милиони евра поради слабата и недоволна заштита на малолетниците од потенцијално штетна содржина, пренесува „Ројтерс“.
АГЦМ денеска изјави дека врз основа на истрагата, можно е да се утврди одговорноста на „Тикток“ во ширењето содржини што би можеле да ја загрозат психофизичката безбедност на корисниците, особено на малолетниците.
„Контролата на компанијата врз потенцијално штетната содржина што циркулира на платформата „Тикток“ е несоодветна,“ се вели во соопштението на регулаторот.
Казната им е е изречена на три компании во сопственост на кинеската компанија ByteDance, поточно против претставништвата на „Тикток“ во Ирска, Велика Британија и во Италија.
Регулаторот претходно во февруари му нареди на „Тикток“ да ги отстрани видеоснимките со „предизвици“ за младите луѓе кои би можеле да имаат трајни последици. Како пример ги посочија случаите во кои млади луѓе изведуваат практика позната како „француска лузна“, предизвик популарен меѓу корисниците кој вклучува штипење на образите за да се предизвика трајна модринка на јаболчицата.
„Не се солчасуваме со оваа одлука,“ изјави портпаролот на „ТикТок“ коментирајќи ја казната, и додаде дека платформата „одамна ја ограничила“ видливоста на видеата од „француска лузна“ за малолетниците.
Претходно вчера, Претставничкиот дом на САД одобри нацрт-закон со кој практично се дозволува „Тик Ток“ да биде забранет аконе се одвои од својоткинески сопственик. Се уште не е јасно каква ќе биде судбината на предлог-законот во Сенатот, а потребно е Сенатот да го потврди за да стапи во сила.