Италија ја тресе нов расистички скандал

од Симе Стоиков
196 прегледи

Дефанзивецот на Наполи, Хуан Хесус го обвини фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби дека го нарекол „црнец“ (негро).

Подоцна Хесус изјави дека Ачерби му се извинил за тоа, но потоа италијанскиот репрезентативец негираше дека го навредувал својот ривал на расно ниво.

Бразилецот затоа се огласи на Инстаграм, опишувајќи го детално инцидентот.

„Тој ми рече: -Оди си црнец, ти си само црнец. Кога му се пожалив на судијата, тој ја призна грешката и се извини, додавајќи „за мене црнец е навреда како и секоја друг“. Сега ја смени својата приказна и инсистира дека немало расистичка навреда. Немам што да додадам на тоа“, напиша Хесус.

И додека Интер допрва треба да разговара со Ачерби за да разјасни што се случило, селекторот на Италија, Лучијано Спалети рече дека дефанзивецот инсистира дека не користел расистички јазик.

Спалети, кој работеше со Хесус во Наполи, исто така потврди дека се обидел да контактира со Бразилецот за да ја слушне неговата верзија за настаните, но телефонот му бил исклучен.

Слични содржини