Италија ќе претседава со состанокот на Г-7 на 24 февруари, на кој ќе учествува и Зеленски

од Radmila Tasevska
149 прегледи

Италија ќе претседава со видеоконференциски состанок на лидерите на земјите од Г-7, на кој ќе се разговара за поддршката за Украина, соопшти кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Состанокот на кој ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе се одржи на 24 февруари, денот кога се одбележува втората годишнина од руската инвазија на Украина.

Италија годинава е ротациски претседавач со групата седум најразвиени земји (Г-7), во која се и САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Канада, а ќе биде домаќин на самит во јуни.

Слични содржини