Италија предложи варијанта на традиционалната наполитанската пица да стане дел од културното наследство на УНЕСКО, соопшти агенцијата АНСА, повикувајќи се на Националниот комитет на УНЕСКО.
“Упатуваме посебно барање до УНЕСКО за започнување на дискусија со учество на претставници на 200 држави”, соопшти авторот на барањето Пјерлуиџи Петрит. Тој истакна дека за да влезе пицата во листата на УНЕСКО, нема да биде лесно, бидејќи кулинарските традиции сè уште не се меѓу предметите на светското наследство.
Традицијата на наполитанските мајстори на пицата одат многу подалеку од готвењето. “Пицата служи за идентификација не само на наполитанците, но и на сите Италијанци. Тоа е италијански бренд во светот “, пишуваат во писмото до УНЕСКО гордите Италијанци. Се очекува дека одлуката ќе биде донесена во Париз во 2017 година.