Италија се подготвува да се прости од Берлускони, утре Ден на жалост

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Италија се подготвува да се прости од четирикратниот поранешен премиер, лидер на десниот центар и медиумски милијардер Силвио Берлускони, кој почина во понеделникот на 87-годишна возраст.

Владата прогласи национален ден на жалост за утре, кога во миланската катедрала ќе биде организиран државниот погреб на лидерот на партијата „Форца Италија“, пренесува АНСА.

Италијанските и европските знамиња се веат на половина копје на јавните згради во Италија и на дипломатските и конзуларните згради во странство.

Слични содржини