Италија со закон ќе ги тера родителите да ги вакцинираат своите деца

од desk3
111 прегледи

 

Италија  донесе закон со кој  сите деца до шест години ќе мораат да се вкцинираа, за да бидат примени во градинките, а родителите кои своите деца ќе ги испратат во училиште невакцинирани ќе мораат да плата парична казна. 

Италијанската влада во петокот усвои закон со кој ќе ги присили родителите да ги вакцинираат своите деца против заразните болести со оглед на тоа дека се зголемил бројот на заболени од сипаница.  Вакцините против сипаници, заушки, рубеола, менингитис, кои до сега биле само препорачани, сега стануваат задолжитлеини рече премиерот  Paolo Gentiloni. Задолжително е вакцинирањето и против детскатапарализа, дифтерија, тетанус, хепатит Б, хемофилија Б. Во Италија оваа година се регистрирани 2395 случаи насипаница наспроти 840 минатата година и 250 во 2015.