273
Италијанец повторно почнал да ја користи својата парализирана рака благодарение на нервот од неговата нога што бил трансплантиран во италијанска болница, за првпат во светот.
„Операцијата е извршена денеска во болница во Торино и таа е прва ваква операција во светот“, се вели во соопштението на локалната здравствена агенција.
По несреќа мажот останал без дел од левата нога и со оштетување на брахијалниот плексус на левата рака.
Пациентот е 55-годишен социјален работник кој по сообраќајна несреќа остана без дел од левата нога и со целосно оштетување на брахијалниот плексус на левата рака.
Процедурата што ја спровеле лекарите била опишана како „пионерска“ и вклучувала префрлање на дел од ијатичниот нерв во горниот дел од телото.