Италијанка како туристка во Загреб освои речиси 174.000 евра на Евроџекпот

од Љубиша Владимиров
12 прегледи

Една туристка од Италија која минатиот месец престојувала во Загреб, се врати дома побогата за речиси 174.000 евра. Среќата ѝ се насмевна благодарение на Евроџекпот, а среќниот билет го купила на улицата Опоровечка во хрватската престолнина.

Како страствена љубителка на оваа игра на среќа, таа не пропушта ниедно коло – дури ни додека е на одмор. Овојпат, наместо да ги избере броевите самата, се одлучила за опцијата QuickPick, односно автоматски избор на броеви. Тоа се покажа како добитна комбинација.

Добивката од 173.968,60 евра ѝ припаѓа од 35-тото коло, кое се одигра на 2 мај. Од Хрватската лотарија велат дека по извесен период на неизвесност конечно го пронашле добитникот, кој се појавил со своето семејство во главната канцеларија на лотаријата. Синот и ќерката ѝ помогнале во комуникацијата со вработените, а целото семејство било видно расположено и благодарно за топлото добредојде.

„Хрватска е прекрасна земја. Се чувствуваме како дома. А сега, со оваа неочекувана среќа, ќе останеме и малку подолго од планираното“, изјавило семејството.

При заминување, среќната добитничка на италијански рече: „Bella Croazia, bella fortuna!“ (Прекрасна Хрватска, прекрасна среќа!)

Во меѓувреме, од Хрватската лотарија потсетуваат дека вечерва се влечат броевите за 45-тото коло на Евроџекпот, со главна премија од 22 милиони евра, а добивката за погодени 5+1 броеви носи еден милион евра.

Слични содржини