280
Италијанската полиција заплени вили и јахти во вредност од најмалку 140 милиони евра (153 милиони долари) од четворица руски олигарси кои беа ставени на листата на санкции на ЕУ по избувнувањето на конфликтот во Украина, потврдија денеска извори од италијанската полиција.
Ројтерс дознава дека, меѓу другото, се запленети вилата на бизнисменот милијардер Алишер Усманов на медитеранскиот остров Сардинија и вилата на ТВ водителот Владимир Соловјов на езерото Комо во Италија.
Дополнително, истите извори потврдија дека во текот на ноќта во пристаништето Империја во северна Италија биле запленети јахти на најбогатите Руси, Алексеј Мордашов и Генадиј Тимченко, милијардери со кои се тесно поврзани со рускиот претседател Владимир Путин.