Италијански министер: Имигрантската криза може да ја остави ЕУ без душа

од Vladimir Zorba
103 прегледи

 

Интензивирањето на кризата на имиграцијата заканува да ја притисне душата на Европската унија, смета италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони, кој изразува загриженост од можноста за укинување на Шенгенскиот договор.2110868429

Драматичните сцени како оние во петокот и саботата на границата меѓу Грција и Македонија се вистинска закана за слободното движење на луѓе во блокот, вели Џентилони во интервјуто објавено во весникот “Месаџеро”, каде се наведува и операцијата за спасување на речиси 3.000 мигранти во Средоземното Море.

Постои опасност Европа да го покаже најлошото од себе во однос на имиграцијата: себичноста, носењето ризични одлуки и спорови помеѓу земјите членки, предупредува тој. Европа или ќе ја открие душата или навистина ќе ја загуби, нагласува Џентилони и ги повикува европските партнери да се зафаќаат со изработување на заедничко решение за кризата.

Алтернативата, убеден е тој, е неуспех на шенгенските договори кои овозможуваат слободно движење во поголемиот дел од континентална Европа.

Во опасност е еден од главните столбови на Европската унија: слободното движење на луѓе. Откај Сицилија до островот Кос, од Македонија до Унгарија тензиите растат и може да се стави под прашање Шенген, вели италијанскиот министер за надворешни работи и го поставува прашањето: Може ли да се замисли Унијата без Шенген? Враќање кон старите граници?

Имигрантите не пристигнуваат во Грција, Италија или Унгарија. Тие пристигнуваат во Европа. Затоа, според него, регулативата за прием треба да биде “европеизирана”.

Заедно со Грција, Италија е најмногу изложена на масовниот прилив на мигранти. Од почетокот на годината повеќе од 104 000 мигранти од Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија достигнаа до пристаништата на Јужна Италија, откако им е укажана помош во Средоземното Море.