Италијанскиот остров нуди кози како подарок

од Симе Стоиков
174 прегледи

Властите на италијанскиот остров Алкуди нудат кози како подарок на секој што ќе се пријави, поради проблемот предизвикан од бројот на овие животни.

За секој човек на тој остров во близина на Сицилија има во просек шест кози, што е проблем бидејќи веќе не се само на планините, туку и во населените места, каде што го оштетуваат зеленилото, уништуваат градини и дворови, рушат камени ѕидови, па дури и влегуваат во куќи, пишува Гардијан.

„Апсолутно не сакаме ниту да размислуваме за убивање на тие животни“, рече градоначалникот на островот, Рикардо Гуло, и затоа вели:

„Секој може да побара коза, не мора биде фармер и нема ограничувања за бројот“.

До 10 април може да се поднесуваат барања за кози од овој остров од пет квадратни километри со популација од над 800 кози.

Слични содржини