Италијанците со ковид пропусници ќе може да одат во ресторани, музеи и стадиони

од Берта Китинска
364 прегледи

Италија од 6 август ќе воведе задолжителен здравствен пасош или пропусница за влез во затворени простории.

-Здравствената пропусница е инструмент кој ќе им овозможи на Италијанците да продолжат со своите активности со гаранција дека нема да бидат на исто место со луѓе кои се заразени со коронавирусот, изјави премиерот Марио Драги откако синоќа владата ја донесе оваа одлука.

Пропусницата подразбира доказ за вакцинација против ковид-19, за прележан вирус или негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа.

Без зелен пасош, Италијанците нема да може да влегуваат во затворените делови како што се барови и ресторани, но и кина, театри, музеи, концертни и спортски сали, стадиони.

Слични содржини