Брз одговор од Москва: Најавениот потег на САД би значел апсолутен прекин на односите со Русија

од Milan1
217 прегледи

Доколку американскиот Конгрес усвои резолуција за непризнавање на претседателските избори во 2024 година во случај Владимир Путин да оди на нив, руско-американските односи ќе доживеат апсолутен прекин, изјави заменик на комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација, Владимир Јабаров.

„Сигурен сум дека овој документ нема да помине. Меѓутоа, доколку се случи нешто такво, тоа ќе доведе до прекин на односите меѓу Русија и САД“, рече тој.

Тој оцени и дека документот претставува врв на цинизам кој нема никаква врска со здравиот разум.
Се огласи и заменик-претседателот на Горниот дом на рускиот парламент, Константин Косачев, кој рече дека усвојувањето на таков документ би било директно мешање во внатрешните работи на Руската Федерација.

„Прерано почнаа да се мешаат во нашите прашања, бидејќи изборите се дури во 2024 година. Сепак, ова не е ништо ново и неочекувано. Мешање во внатрешните работи во најчиста форма“, напиша тој на својот Фејсбук.

Да потсетиме, американските конгресмени Стив Коен и Џо Вилсон поднесоа до Претставничкиот дом на американскиот Конгрес предлог рускиот претседател Владимир Путин да не биде признат за лидер на државата доколку одлучи да се кандидира за нов мандат во 2024 година.