Откриен е првиот случај на јужноафриканската варијанта на Ковид-19 во областа на грчкиот град Солун, пренесува АНА.
На вонреден состанок во тој град, со кој претседаваше министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, беше речено дека јужноафриканскиот вид е откриен кај член на црквата.
„Нема причина за паника. Ние ќе спроведеме тестирање низ целата парохија и ќе ги испратиме сите контакти“, рече Хардалиас.
Тој додаде дека не е познато како јужноафриканската варијанта дошла во Грција.
Исто така, посочи дека вакцинацијата ќе продолжи според планот.