Итна седница на Советот за безбедност на ОН: Ниту едно место во Газа не е безбедно

од Radmila Tasevska
395 прегледи

Итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за хуманитарната криза во Појасот Газа почна денеска во Њујорк. Седницата беше свикана на барање на Обединетите Арапски Емирати и Кина.

Првиот човек на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) Филип Лазарини нагласи дека нивото на уништување низ Газа е без преседан и дека „човечката трагедија што се одвива под наша стража е неподнослива“.

Тој додаде дека и покрај тоа што израелските власти рекоа половина од населението во Газа да се евакуира на југ, значителен број жители на Газа се убиени додека барале засолниште, додаде Лазарини.

-Многу пати кажав и ќе кажам: ниту едно место не е безбедно во Газа, рече шефот на УНРВА, додавајќи дека „присилното раселување“ оставило повеќе од 670 илјади луѓе во преполнети училишта и подруми.

Слични содржини