Врховниот суд на САД беше евакуиран поради закана со бомба на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател eо Бајден.
Присуството на припадници на Националната гарда е зголемено, јавуваат американските медиуми. Судската зграда се наоѓа на улицата спроти зградата на Капитол, каде Бајден во моментов дава заклетва.
Да потсетиме, Џо Бајден дава заклетва денес во Вашингтон, на историски ден што ќе се одржи под строг протокол и ќе кулминира напладне кога Бајден официјално ќе стане 46-от претседател на Соединетите држави.
Церемонијата на инаугурацијата наречена „Обединета Америка“ нема да биде како претходните инаугурации, бидејќи организаторите и локалните власти во Вашингтон ги повикаа Американците да не доаѓаат, туку да ја следат церемонијата преку Интернет во своите домови.
Во својот проштален говор во базата Енруз во Мериленд, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп им се заблагодари на своите приврзаници, ветувајќи им „враќање во некоја форма“ и на идната администрација на демократот eо Бајден и посака „многу среќа и голем успех“.
Sources say US Supreme Court being evacuated due to possible bomb threat. @nbcwashington
— Mark Segraves (@SegravesNBC4) January 20, 2021