Итно предупредување за пожари во Грција, во опасност се пет региони

од Milan1
40 прегледи

Поради комбинацијата на силен ветер и високи температури во интервал од 35-40 Целзиусови степени во многу делови на Грција, денеска предупредувањето за пожар е подигнато на ниво четири од максимални пет.

Во својот дневен билтен во вторникот, Противпожарната служба прогласи четврто ниво на предупредување во пет региони: Атика (вклучувајќи го островот Китера), Западна Грција (вклучувајќи ги Ахаја и Илија на Пелопонез), Северен Егеј (се советува посебна внимателност на островите Лезбос и Хиос) и во континентална Грција (особено Виотија, Евија, Фокид и Фтиотис), пренесува грчкиот портал Катимерини.

Предупредување од Ниво 4 значи ограничувања за палење растителни остатоци или други остатоци, готвење на отворен оган, користење машини кои произведуваат искри и други слични активности кои ненамерно може да предизвикаат пожар.

Слични содржини