407
Актерот Иван Босиљчиќ имаше мала незгода пред камера, која на духовит начин ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Имено, Босиљчиќ во моментов е во Украина поради работен ангажман, а тој сакаше преку видео да им покаже на своите следбеници дел од филмското студио каде што моментално снима.
Актерот беше толку возбуден и имаше голема желба да сними и да покаже сè, а на крајот од снимката се сопна и падна.
„Одамна не сум треснал вака на под. Ме заведе магијата на филмското студио – палми, стари огледала и балони…“, рече Иван и насмеа многумина.
Погледнете како сето тоа изгледаше во видеото.